Макрон го примил Саркози во претседателската палата кратко пред да биде испратен во затвор
Поранешниот француски политички лидер Никола Саркози денеска се очекува да биде однесен во затворот Ла Санте во 14-от арондисман во Париз на отслужување на затворската казна.
Препорачано
Неодамна, во разговор за францускиот весник „Ла Трибјун Диманш“, тој нагласи дека ментално се подготвува за оваа нова реалност, откако веќе ги спакувал своите малку лични работи.
„Не се плашам од затвор. Ќе ја држам главата високо дури и на влезот во затворот Санте“, рече тој, додавајќи дека нема да бара посебен третман или привилегии.
Актуелниот француски претседател Емануел Макрон потврди дека го поканил својот претходник Никола Саркози во претседателската палата неколку дена пред Саркози да стане првиот поранешен шеф на држава во модерната француска историја кој е затворен, објави Еуроњуз.
Средбата се одржала минатиот петок, објави „Ле Фигаро“.
„Беше нормално, на лично ниво, да бидам домаќин на еден од моите претходници во овој контекст“, им рече Макрон на новинарите за време на патувањето во Словенија. Тој нагласи дека посетата немала намера да ја наруши независноста на француското судство.
Саркози за време на викендот изјави дека ќе почне да ја отслужува казната во затворот Санте во вторник. Не е познато колку долго ќе остане затворен.
Со себе, рече тој, ќе го понесе „Грофот Монте Кристо“ од Александар Дима (херојот успева да избега од затвор откако е неправедно затворен) и Библијата.
Поранешниот претседател беше осуден во септември на пет години затвор затоа што им дозволил на соработниците да се обидат да обезбедат финансиска поддршка од режимот на Моамер Гадафи во Либија во замена за економски и дипломатски услуги. Ова се случи кратко пред претседателските избори во 2007 година, на кои тој победи.
Тој е првиот француски шеф на држава по Филип Петен, озлогласен соработник со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна, кој е затворен.


