Никола Роквиќ откри зошто сакал да се замонаши: Сопругата му дала благослов во намерата

Никола Роквиќ
Никола Роквиќ/Instagram

Бојана Баровиќ, сопругата на пејачот Никола Роквиќ, синот на познатиот балкански пејач кој почина, Маринко Роквиќ, призна дека нејзиниот сопруг размислувал за монашки живот, но и разбира зошто тоа го привлекло.

Таа објасни во кои мигови тој помислувал да стане монах, не во смисла да го остави семејството, туку имал посебен однос со верата и желбата за монаштво комплетно ја поддржува.

„Можам да го разберам. Тоа е богатство кое душата може да го почувствува на единствен начин, и кога ќе добиеме благодет, благослов од молитва или пост, тоа е немерливо чувство, така што можам да сфатам што го влече кон таа идеја“ – изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

Дека Никола бил посветен верник, одамна била свесна. Подоцна и самиот сфатил дека поради семејните обврски и животот кој го живее, ќе треба да најде златна средина, затоа што не може целосно да се посвети на таа улога.

Никола и самиот ја има потврдено оваа информација, а призна дека дури и бил „здодевен“ дома кога бил во тој процес. Во интервју за „Dok andjeli spavaju“, тој си ја „отвори душата“ и околу својата духовна сигурност и ревносност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

„Сакав на сите да им пренесам колку ми значи сето тоа, но не може туку така да се стане монах. Јас сум човек кој има семејство и деца, и тие се мојот храм. Така живеам и гледам да најдам некој заеднички пат, а што се однесува до монаштвото, можеби еден ден штом ги изведам децата на прав пат, ќе се случи тоа.

Бојана секогаш го поддржуваше овој мој став. И самата ми рече „Ако сакаш да тргнеш по тој пат, ќе ти дадам благослов“ – откри Роквиќ за Nova.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот