Никол Кидман откри како ја негува својата кожа – Таа се колне во една состојка!

инстаграм

Воопшто не нe чуди што Никол Кидман (53) сериозно се грижи за својата кожа, имајќи го предвид нејзиниот речиси беспрекорен тен.

Никол Кидман, ѕвездата на филмовите „Moulin Rouge” и „Virginia Woolf” не е позната само по талентот и прекрасните модни изданија на црвениот тепих, туку и по својот изглед кој интригира многумина. Затоа денеска ви ги претставуваме нејзините совети за нега на кожата.

Актерката одлучи со фановите на Инстаграм да сподели неколку совети за блескава и здрава кожа.

Редовно зема витамини

Нема сомнеж дека негата на кожата започнува одвнатре, а тоа очигледно добро и е познато и на Никол.

„Навистина верувам дека земањето на витамини и здравјето на внатрешните органи влијае на кожата. Моите нокти се веројатно најлошиот дел на мене – секогаш се кршат, така што користам витамини за кожа, коса и нокти што навистина ги зацврстува”, изјавила Кидман за „Allure”.

Секогаш ја отстранува шминката пред спиење

Никол Кидман верува дека е многу важно да се чисти лицето пред спиење. Таа вели дека марамчињата за чистење на шминка ѝ се најдобра помош, бидејќи со нив сè е полесно.

Таа зборувала за својата навика и за “Harper’s Bazaar”:

„Професионалците ме научија да ја вадам шминката секоја вечер. Меѓутоа, ако работам по цел ден и се чувствувам уморно, користам марамчиња за чистење за брзо и лесно да го направам тоа. Тие се одлични и кога патувате”.

Никол ги бојадисува своите трепки и веѓи

„Не носам шминка кога не работам, така што ги бојадисувам своите трепки и веѓи. Тоа е генијален трик за девојките со светла боја на коса, кои сакаат да изгледаат како веќе да се нашминкани”, вели актерката.

View this post on Instagram

Waiting for the summer! ❄️☀️

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) on

Се колне во крема за лице со ретинол

Кремите за лице со ретинол се познати по своите својства во борбата против брчките и Никол ги обожува:

„Верувам во ретинолот, мислам дека делува. Имам природно сува кожа и ретинолот не дозволува таа уште повеќе да се исуши. Кремата ја нанесувам навечер и знам дека ми го одржува тонусот на кожата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот