pixabay
Стари лица / Фото: Слободен печат - Архива

Никогаш не е доцна: Во Шпанија одржана првата видеоконференција со стогодишници

Во Шпанија беше организирана првата видеоконференција што обедини лица постари од 100 години, во организација на стартап-компанијата Максимилијана (Maksimilijana), пренесува српски „Еуроњуз“.

На дигиталната средба учествуваа 17 жени стогодишнички, претставнички од сите автономни заедници во земјата.

Најмладата учесничка, Марија Пакита (100), пристигнала од Каталонија, додека највозрасна била сестра Росарио од Кантабриа, која со 111 години е третата најстара личност во Шпанија.

Претставничката од Мадрид, Пепита, која неодамна го прославила својот 105-ти роденден, била и првата што доброволно се пријавила за ова виртуелно искуство.

Учесничките споделиле бројни спомени, и радосни и тажни, зборувајќи за своите семејства и за сегашните животни искуства.

Необичната видеоконференција ја овозможила арагонската стартап-компанија основана од младиот претприемач Џорџ Тереу, кој ја именувал по својата баба.

Уредот е дизајниран така што овозможува едноставна комуникација без технички компликации, специјално приспособен за потребите на повозрасните лица. Членовите на семејството можат далечински да управуваат со уредот преку апликација, при што сите поставки и конфигурации се вршат од телефон, без потреба постарата личност да се соочува со сложени технички процеси.

Една од најиновативните карактеристики е можноста за автоматски видеоповици – комуникацијата се воспоставува без корисникот да преземе какво било дејство.

Системот настанал во 2020 година од личната потреба на основачот да остане во контакт со својата баба, а досега помогнал да се надмине дигиталниот јаз кај повеќе од 4.000 корисници ширум Шпанија, испраќајќи јасна порака дека технологијата треба да биде мост, а не пречка – и дека никогаш не е доцна за поврзување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот