Фото: EPA/FILIP SINGER

Ника Превц го освои третиот последователен Кристален глобус во ски скокови

Словенечката натпреварувачка во ски скокови Ника Превц го освои својот трет последователен Кристален глобус наменет за најдобрата во Светскиот куп, откако славеше во Лахти, Финска.

Превц, која го слави својот 21 роденден за 10 дена, го забележа својот 15 триумф оваа сезона и својот 37 победа вкупно во кариерата.

Таа славеше во Лахти со скокови од 128,5 и 124,5 метри, соодветно, со 296,7 поени, со што ја обезбеди вкупната победа на Светскиот куп на шест натпреварувања до крајот.

Второто место го освои Норвежанката Ана Одине Стрем со 282,5 поени (скокови од 123 и 121,5 метри), додека третото место го освои Јапонката Нозоми Марујама со 270,8 поени (скокови од 123,5 и 120,5 метри).

Превц има недостижна предност од 642 поени во однос на второпласираната Марујама во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот