Фото: Јутјуб/принтскрин

Ние не пуштаме шпионски балони над Кина, тврди Вашингтон

„Нема американски извидувачки балони над кинескиот воздушен простор, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, откако американската војска во изминатите денови собори четири неидентификувани објекти, а за еден од нив тврди дека бил кинески шпионски балон.

Кирби со одговорот ги негираше тврдењата на Кина дека американски разузнавачки балони неовластено летале на голема височина над кинеска територија повеќе од десет пати од почетокот на 2022 година, пренесе „Ројтерс“.

По инцидентот со соборувањето на објектот за кој Вашингтон вели дека бил кинески шпионски балон, властите обвинија дека Кина на овој начин шпионирала во повеќе од 40 земји на пет континенти. Пекинг ги отфрли обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот