Фото: Ars Electronica / Flickr

Невролозите предупредуваат: Три намирници што треба да ги избегнувате ако сакате да го одржите мозокот здрав

Иако поврзаноста помеѓу исхраната и ризикот од деменција често се дебатира, експертите се согласуваат дека медитеранската исхрана е одлична основа за здрав живот, што индиректно придонесува за функцијата на мозокот.

Сепак, невролозите предупредуваат дека постојат одредени намирници што треба да се избегнуваат, а три се издвоени како „најлоши за здравјето на мозокот“.

Здружението за Алцхајмерова болест објаснува дека медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и масна риба, е клучна за одржување на здравјето на мозокот.

„Една од причините зошто медитеранската исхрана се смета за корисна е тоа што е богата со антиоксиданти од овошје и зеленчук. Тие можат да помогнат во заштитата од некои оштетувања на мозочните клетки поврзани со Алцхајмеровата болест“, соопштија од Здружението, додавајќи дека истражувањата покажале дека може да биде корисна за одржување на меморијата и когнитивните способности.

Неодамнешна студија дури сугерира дека таков начин на исхрана може да го намали ризикот од деменција за 23 отсто.

Но, додека некои намирници помагаат, други активно штетат. Експертите издвоија три што треба да се минимизираат.

Три намирници што го оштетуваат мозокот

Газирани пијалаци

Поради екстремно високата содржина на шеќер, неврологот д-р Шахин Лакан ги смета газираните пијалаци за една од најлошите опции за мозокот.

„Газираните пијалаци се една од најлошите нешта за здравјето на мозокот поради нивната висока концентрација на едноставни шеќери, кои ги оштетуваат крвните садови што го снабдуваат мозокот. Со текот на времето, го лишуваат мозокот од горивото што му е потребно за да функционира, што доведува до предвремена деменција и мозочен удар. Акутно, шеќерот предизвикува и воспаление на мозокот, раздразливост, лошо расположение и нарушувања на спиењето“, рекол неврологот д-р Шахин Лакан.

Маргарин

Маргаринот содржи трансмасти што го зголемуваат нивото на лош холестерол и ги оштетуваат крвните садови, вклучително и оние во мозокот.

„Често слушаме дека трансмастите не се добри за срцето и за крвните садови. Истото важи и за крвните садови на мозокот“, рекла д-р Ше Дата.

Нејзините зборови се потврдени со студија објавена во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), која откри дека постарите луѓе со највисоки нивоа на елаидна киселина – честа трансмаст – во крвта имаат поголема веројатност да развијат деменција. Се препорачува да се користи маслиново масло и вистински путер.

Помфрит

Омилената ужина на многумина, помфритот, е една од мрсните намирници што може да предизвика сериозни оштетувања. Д-р Педрам Наваб објаснил како таквата храна влијае на мозокот.

„Исхраната што вклучува мрсна храна како што е помфритот може да ги оштети крвните садови што го снабдуваат со крв мозокот, предизвикувајќи когнитивно оштетување. Тоа го намалува интегритетот на крвно-мозочната бариера и доведува до оштетување на невроните во хипокампусот, дел од мозокот што е критичен за учење и меморија“, рекол д-р Наваб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот