Невниманието се казнува со закон: Земја во која ако го заборавите роденденот на сопругата ќе одите пет години во затвор

Фото: Пекселс/rdne-stock-project

Оние кои се во брак многу добро знаат колку е важно да се сеќаваат на роденденот на својот сопружник, а тоа особено важи за мажите кои често ги забораваат клучните семејни настани како што се родендени, годишнини и други специјални прилики, пишува „Путникофер“.

Недостатокот на внимание на овие важни датуми често доведува до несогласувања меѓу партнерите. Сепак, извинувањето, признавањето на грешката или последователните подароци обично се најефикасните начини за да се решат таквите ситуации. Меѓутоа, во една земја, заборавањето на роденденот на вашата сопруга не е опција и се смета за „нелегално“.

Во Самоа, полинезиска островска држава, постои интересен обичај во врска со сопрузите кои забораваат на родендените на своите сопруги. Првиот пат кога тоа ќе се случи, мажите се предупредуваат. Меѓутоа, ако грешката се повтори, брачниот другар се соочува со сериозни последици како парични казни или дури и можна затворска казна. Законот предвидува максимална казна за овој вид криминал, која е пет години затвор.

Со цел да се обезбеди почитување на овој необичен закон, државата формирала специјализиран тим од експерти за брачни односи и правни прашања кои ќе се занимаваат со овие случаи. Според тамошните медиуми, тим од експерти брзо реагира на жалбите на жената, а многу сопружници веќе биле предупредени и поради нивната негрижа завршиле во затвор.

Во земјата редовно се организираат информативни сесии и кампови со цел да се едуцираат сопрузите за споменатиот закон. Целта на овие програми е да се подигне свеста за важноста на вниманието кон партнерот и да се промовира меѓусебното почитување во бракот. За време на овие едукативни настани, експертите даваат совети за одржување на силни брачни врски и потсетуваат на важноста да се обрне внимание на датумите кои се важни за сопружниците.

Фото: Wikimedia Commons

Самоа е полинезиска островска држава лоцирана во Тихиот Океан, приближно на половина пат помеѓу Хаваи и Нов Зеланд . Се состои од два главни острови, Уполу (каде живее најголемиот дел од населението) и Саваи, и неколку помали островчиња. Главен град и најголем град е Апија. Културата во Самоа е длабоко вкоренета во традицијата, со силен акцент на семејството и заедницата. Традиционалните самоански церемонии, вклучувајќи ја и познатата церемонија „ава“ (кафе), се составен дел од нивното општествено и културно ткиво.

Прекрасните плажи, тиркизното сино море, бујните шуми и високите планини ги прават островите рајска дестинација за љубителите на природата и авантуристите. Националниот парк О Ле Пупу-Пуе, кој се наоѓа на островот Саваи, е дом на бројни ендемични растенија и животни и прекрасни водопади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот