Фото: Screenshot

Неверојатно: За првпат еден клуб може да стане шампион во три различни држави

Суданскиот фудбалски гигант Ал-Хилал ја пишува можеби најневеројатната приказна во современиот фудбал. Иако не е меѓу најмоќните клубови во Африка, овој тим сезонава има шанса да направи нешто што досега не му успеало на никој во светот, да освои три шампионски титули во три различни држави, една по друга.

Најтрофејниот клуб од Судан, со дури 31 домашна титула, поради војната во земјата беше принуден да побара засолниште надвор од своите граници. По освојувањето на суданскиот шампионат пред две години, Ал-Хилал го продолжи своето патување во Мавританија, каде што веднаш покажа дека победничкиот дух не познава граници, па и таму стана шампион.

Оваа сезона, суданскиот великан настапува во руандската лига и веќе ја започна со победа во дербито против Кигали. Иако клубот има шест натпревари заостанато поради административни и логистички тешкотии, експертите го сметаат за еден од главните кандидати за титулата. Ако успее во оваа мисија, Ал-Хилал ќе испише страница од фудбалската историја каква што досега не е видена, шампион во три различни држави, по ред: Судан, Мавританија и Руанда.

Преземено  од: Спорт.ком.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот