Неверојатна сличност: Уапсен Британец во Холандија, полицијата го помешала со шеф на мафија

Лидерот на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро/ Фото Youtube Screenshot Deeper Globalism

Маж од Ливерпул бил грешно уапсен од страна на холандската полиција, кои  биле убедени дека тој е шеф на мафијата.  

Идентификуван само како Марк Л., 54-годишникот ја посети Холандија за да ја гледа Формула 1 трката, по што минатата среда полицијата го уапсила додека вечерал во ресторан. Тие му ги врзале очите и веднаш го пренеле во затвор.  

Полицијата е убедена дека тој всушност е шеф на сицилијанската мафија, Матео Месини Денаро (59), кој се бара од 1993-та година поради бомбашки напад во кој загинаа 10 лица, а 93 беа повредени, пишува Дејли Меил.  

Марк Л. на крајот беше ослободен четири дена подоцна, а полицијата ја призна грешката. Неговиот адвокат, Ван Клиф, за локалните вести изјави:  

„Јас би паднал од столот ако тој навистина бил најбараниот италијански мафијаш“. 

“Штом го кажа првиот збор, веднаш знаев дека е Британец кога го слушнав неговиот англиски акцент. Замислете дека во еден момент сте на вечера, а следниот ќе седите во холандски затвор со максимална заштита”. вели адвокатот.  

Инаку, на Денаро во 2002-ра година му се судело во отсуство, а тој бил осуден на доживотен затвор во мај истата година за неговата улога во бомбашките напади во 1993-та година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот