Фото: EPA/JUSTIN LANE

Неверојатна доминација: Луис Енрике дојде до осмиот трофеј во две години

Фудбалерите на ПСЖ успеаја да ја одбранат и својата европска титула откако го победија Арсенал во финалето во Будимпешта, по подобро изведување на пенали.

Незаборавна сезона, би рекле некои, но ова се две години што Луис Енрике во својата тренерска кариера никогаш нема да ги заборави.

Од почетокот на минатата сезона, Енрике лани ги освои Суперкупот на Франција, Купот на Франција, Лига 1, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп.

Оваа година повторно ја освои Лига 1 и сега остана на тронот во Лигата на шампионите со париските „светци“.

– Знаевме пред натпреварот колку е тешко да се игра против Арсенал. За клубот и градот, ова е неверојатна победа и мислам дека ја заслуживме врз основа на целата сезона. Финалето беше вистинска битка – беа зборовите на шпанскиот стратег по финалето во Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот