Нетанјаху свика итен состанок по нападот врз израелски војници во Рафа, го обвини Хамас за кршење на примирјето – Израел го прекршил договорот речиси 600 пати досега?
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржува итен состанок на кој се разгледува како Израел треба да одговори на денешниот напад врз израелски војници во Рафа, во кој беа ранети петмина припадници на Цахал, вклучително и еден тешко, објави „Тајмс оф Израел“.
Препорачано
Одделно, Нетанијаху во писмена изјава наведува дека Хамас го прекршил примирјето и ветува одговор.
„Терористичката организација Хамас продолжува да го прекршува договорот за прекин на огнот и изведува терористички напади врз нашите сили. Нашата политика е јасна: Израел нема да толерира напади врз војниците на Цахал и ќе одговори соодветно,“ се вели во изјавата.
Нетанјаху испрати и желби за брзо закрепнување на ранетите војници.
„Ова е сериозно прекршување на договорот за прекин на огнот,“ изјави висок израелски функционер.
Коалицијата на Нетанјаху го бојкотираше гласањето во Кнесетот за мировниот план на Трамп
Инаку, од постигнувањето на договорот за прекин на огнот на 10 октомври, Израел го прекршил договорот најмалку 591 пат преку продолжување на воздушни напади, артилериско дејство и директна стрелба, соопшти Владината медиумска канцеларија во Газа.
Во вторникот новинар бил повреден, а фоторепортер загинал во израелски дронски напад врз Кан Јунис во Газа.
Мухамед Абдел Фатах Аслех е повредениот новинар, а загинатиот фоторепортер е Мухамед Вади. Повредениот новинар е брат на Хасан Аслех, палестински фотограф кој беше убиен во напад со дрон врз Ургентниот центар во болницата Насер во Кан Јунис во мај.
За потсетување, пред неколку дена на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од упад на израелската армија и граничната полиција на Западниот Брег, на кое се гледа како војници брутално убиваат двајца Палестинци само неколку секунди откако се предадоа.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Израелски војници убија Палестинци кои веќе се предадоа


