Фото: EPA/HAITHAM IMAD

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Израелски дрон уби фоторепортер и рани новинар во Газа – потресна сцена околу телото на Вади

Додека трае дронскиот напад во кој загина фоторепортерот Мухамед Вади, израелските сили уништуваат станбени згради зад таканаречената жолта линија во источните делови на Газа Сити.

Новинар бил повреден, а фоторепортер загинал во израелски дронски напад врз Кан Јунис во Газа, објави „Ал Џазира“.

Мухамед Абдел Фатах Аслех е повредениот новинар, а загинатиот фоторепортер е Мухамед Вади. Повредениот новинар е брат на Хасан Аслех, палестински фотограф кој беше убиен во напад со дрон врз Ургентниот центар во болницата Насер во Кан Јунис во мај.

Израелската армија убила четворица вооружени Палестинци кои излегле од тунелите во Рафах

На потресно видео објавено на социјалните мрежи се гледа како луѓе се собираат околу телото на загинатиот фоторепортер и го оплакуваат.

Израелските сили уништуваат станбени згради зад таканаречената жолта линија во источните делови на Газа Сити.

Израелската војска упаднала во околината на три болници во Хеброн, на окупираниот Западен Брег.

Најмалку 70.100 Палестинци се загинати, а ранети се уште 170.965 луѓе во Газа од октомври 2023 година.

Вкупно 1.139 луѓе беа убиени во Израел за време на нападите на 7 октомври 2023 година, а околу 200 беа заробени.

Демонстрации во Израел за враќање на последните двајца заложници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот