Фото: Принтскрин, Икс

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Израелски војници убија Палестинци кои веќе се предадоа

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од упад на израелската армија и граничната полиција на Западниот Брег, на кое се гледа како војници брутално убиваат двајца Палестинци само неколку секунди откако се предадоа. Според информациите, ова се случило вчеравечер во близина на Џенин.

Министерството за правда на Израел веднаш започна истрага, иако крајнодесничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир веднаш застана во одбрана на војниците, пишува „Гардијан“.

На видеото се гледа како израелски војници опколуваат објект, а потоа со помош на багер ја кршат вратата, по што двајцата мажи излегуваат на колена и креваат раце, покажувајќи дека се невооружени. Потоа, петтемина полицајци ги креваат своите автоматски пушки и пукаат, соборувајќи ги жртвите на земја.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека двајцата мажи се убиени за време на заедничка операција и наведоа дека пукањето е „под истрага на теренските команданти и ќе биде проследено до надлежните експертски тела“. ИДФ ги опишува загинатите како лица што извршиле терористички активности, но видеото предизвика остри реакции во јавноста.

Министерот Бен-Гвир, пак, изјави дека го поддржува постапувањето на граничната полиција.

„Борците постапија точно како што се очекуваше – терористите мора да умрат“, рече тој.

Меѓународната заедница жестоко реагираше. Џереми Лоренс, портпарол на Канцеларијата за човекови права на ОН, осуди „дрското убиство“ и го нарече „очигледно вонсудско погубување“. Израелската организација за човекови права Б’Тселем истакна дека егзекуцијата е резултат на „дехуманизација на Палестинците“ и отсуство на одговорност во Израел.

Дватајцата убиени мажи беа идентификувани од Исламски џихад како Јусеф Асаса (37), командант на терен, и Махмуд Абдала (26), борец во вооруженото крило Бригадите Ал-Кудс. Иако се членови на милитантна организација, егзекуцијата на невооружени затвореници според меѓународното право се смета за воено злосторство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот