Несреќен пораз од Романија на женската репрезентација до 19 години

Младите фудбалерки утре ќе имаат шанса да се реваншираат за денешниот пораз/фото: ФФМ

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално со 1:0 од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен дуел одигран меѓу овие две селекции.

Нашата млада репрезентација предводена од селекторот Астрит Мерко може да жали за претрпениот пораз, со оглед на добрата игра на Македонија и неколкуте добри можности за постигнување гол. Единствениот погодок на средбата беше дело на Ботолеј во 75. минута од средбата.
Вториот контролен натпревар е закажан утре со почеток во 17:00 часот.

-Не заслуживме да изгубиме на овој натпревар, но тоа е фудбалот. Пропуштивме неколку изгледни шанси, а противникот имаше голема среќа при постигнувањето на голот. Одигравме добро, борбено, девојките покажаа голема желба за надигрување и натпреварувачки дух. Со ваква игра и со играта од последниот контролен тест против Бугарија, можеме да се надеваме на успешно претставување на претстојниот квалификациски турнир во Белорусија – смета селекторот Астрит Мерко.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот