Фото: Фејсбук/Максим Димитриевски

Несреќа за време на Младинскиот европски олимписки фестивал: Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд

Кумановец со „Пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека тие се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамките на Европските младински олимписки игри (ЕМОФ), информираше денеска СВР Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во општата болница Куманово.

– Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атарот на селото Зубовце, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на Младинскиот европски олимписки фестивал кој се одржува во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка – соопшти полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот