Фото: freemalaysiatoday

Неочекувани знаци на стареење кои се појавуваат на ноктите: Некои од нив се знак за сериозни болести

Изгледот на ноктите може да открие многу за нашето здравје и за тоа како старееме.

„Ноктите можат да бидат директен одраз на нашата возраст. Како што старееме, нашите нокти стануваат потенки, послаби и посклони кон развој на испакнатини. Тие исто така можат да го изгубат својот сјај“, ​​вели дерматологот Шари Липнер.

Стапката на растење на ноктите се намалува за приближно 50 отсто во текот на животот. Генетичарот Дејвид Синклер изјавил во поткастот од 2022 година дека брзината на растот на ноктите може да биде одличен показател за стареењето.

Како ноктите се менуваат со возраста?

Како што старееме, циркулацијата на крвта се забавува, а нивото на кератинот, протеин неопходен за раст на ноктите и косата, опаѓа. Покрај забавувањето на растот на ноктите, видливи се и физичките промени.

„Кај постарите луѓе ноктите стануваат покршливи, подебели или добиваат поизразени бразди“, објаснува дерматологот Данило Дел Кампо.

Меѓутоа, важно е да се направи разлика помеѓу нормалните промени поврзани со стареењето и можните знаци на посериозни здравствени проблеми.

Некои промени може да укажуваат на потреба од медицинска интервенција, особено затоа што постарите луѓе се изложени на поголем ризик од разни хронични болести.

На пример, поинтензивните промени на бојата на ноктите може да бидат знак за остеопороза (болест со губење на коскената маса).

Подебелите и отечени нокти може да укажуваат на проблеми со срцето или белите дробови, а белите или бледите нокти може да бидат знак за болести на црниот дроб или анемија (слабокрвност).

„Ако некој забележи нагло истенчување на ноктите, темни линии или одвојување на ноктот од лежиштето, тоа може да биде знак за посериозен проблем и треба да се консултира дерматолог“, додава д-р Дел Кампо.

Тој вели дека „ова не значи дека секоја промена на ноктите укажува на болест, но ако нешто е долготрајно или невообичаено, подобро е да се провери“.

Како да се подобри здравјето на ноктите?

Промените на ноктите се нормален дел од стареењето, но важно е да се следи нивниот изглед бидејќи може да укажуваат на внатрешни здравствени проблеми, вели дерматологот Мона Садегпур.

Покрај тоа, исхраната и хидратацијата играат клучна улога во одржувањето на здрави нокти, како и во целокупното здравје.

Шест совети од дерматолог за здрави нокти

1. Исхраната богата со протеини, биотин, железо и омега-3 масни киселини помага во растот и зајакнувањето на ноктите. Најдобро е да ги внесувате преку храна како што се рибата, мешунките и јаткастите плодови.

2. Додатоците во исхраната како биотин (витамин Б7) често се користат за поттикнување на растот на ноктите и косата, но нивната ефикасност не е научно докажана.

3. Останете хидрирани – водата е неопходна за здравјето на целото тело, вклучувајќи ги и ноктите.

4. Избегнувајте пречесто турпијање на ноктите, бидејќи тоа може да ја ослаби нивната структура.

5. Намалете ја употребата на средства за отстранување на лакот за нокти на база на ацетон, бидејќи ги суши ноктите и може да ги направи кршливи.

6. Ограничете ја изложеноста на УВ-зраците. Доколку користите УВ-ламби за гел-лак, Фондацијата за рак на кожата препорачува да се нанесува крем за сончање со широк спектар 20 минути пред изложувањето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот