Необјавениот албум на Дејвид Боуви наскоро пред слушателите
Станува збор за лајв албум од концертот на Боуви во Париз 1999 година…
Досега необјавениот албум на Дејвид Боуви, „Something In The Air (Live Paris 99)“ за слушателите ќе биде достапен на 14-ти август, а носи 15 песни снимени во живо на концертот во парискaта „Elysée Montmartre“ на 14-ти октомври 1999 година, на истиот ден кога му беше врачена и титулата „Commandeurs of the Ordre des Arts et des Lettres“.
Албумот носи 12 необјавени снимки како и три песни кои се објавени како синглови од Б страна на албумот „Hours…”. На албумот се застапени и „Can’t Help Thinking About Me”, изворно објавена во 1966 година но неизведувана повеќе од 30 години, потоа „Word On A Wing”, која е вметната во сетот после речиси четвртина век, како и „Drive-In Saturday” која Боуви не ја изведувал од 1974 година. Песната според која албумот го носи името, на овој настап е прв пат изведена.
Албумот „Something In The Air (Live Paris 99)” засега ќе биде достапен само за стриминг, а за физичкото издание се уште нема точни информации.