Немал негативен тест за коронавирус – Српскиот актер Воја Брајовиќ вратен од хрватската граница

Српскиот актер Воја Брајовиќ (71), кој нашите гледачи го памтат како Тихи од „Отпишаните“, како што вели, немал негативен тест за ковид-19, кој е потребен за да се влезе во Хрватска од Србија, пишува „Курир.рс“.

– Требаше да снимам во Загреб минатата недела. Среде ноќ бев вратен од хрватската граница затоа што немав наод дека сум негативен на коронавирусот -рекол Брајовиќ.

Како што се наведува, на актерот му било кажано на границата дека во тој случај мора да помине 14 дена во изолација, а бидејќи имал други обврски, Брајовиќ тоа го одбил и се вратил во Белград истата ноќ. Брајовиќ, исто така, ги откажал сите дружења со пријателите во Загреб, што ги планирал за време на паузите на снимањето на филмот и се надева дека ситуацијата наскоро ќе биде подобра и дека нема да мора да се тестира за да оди во Хрватска.

– Колони луѓе стојат во редови за тестирање. Исто така, дискутабилно е дали наодите би биле готови навреме. Мислам дека ќе ги снимаме моите епизоди во септември и во октомври – рекол актерот.

Како што рекол Брајовиќ, во првиот бран на коронавирусот бил внимателен, затоа што припаѓа на ризичната група кога станува збор за ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот