Нема санкции за Јута Лердам – слободно може да продолжи да се раскопчува и да заработува
Челниците на Олимписките игри, односно претставниците на Меѓународниот Олимписки Комитет, донесоа одлука Јута Леердам да може да продолжи со раскопчувањето на горниот дел од својата опрема со цел да ја покаже останатата облека и дополнително да заработи.
Препорачано
Холандската ѕвезда во брзо лизгање Јута Лердам со своето препознатливо раскопчување на оделото привлече огромно внимание во јавноста. Таа ова го прави во маркетиншки цели, го покажува логото на „Најк“ со кој им спонзорски договор.
Иако Холандската федерација за брзо лизгање соработува со брендот „Фила“, Леердам индивидуално има договор со американската компанија. Така, под нејзиното аеродинамично натпреварувачко одело јасно се гледа спортскиот градник на Најк, а веднаш по минувањето низ целта на Олимписките игри секогаш прво го раскопчуваше костумот.
Според проценките на експерти за спортски маркетинг, Леердам од „Најк“ наводно заработува околу 850.000 евра годишно. Дополнително, секоја спонзорирана објава на Инстаграм ѝ носи околу еден цент по следбеник, што изнесува приближно 62.000 евра по објава во која се појавува Најк или друг партнер.
Winter Olympics chiefs reach verdict on Jutta Leerdam’s ‘$1m underwear-flashing gesture’ after Jake Paul’s fiancée faced covert marketing claims https://t.co/xlvlzDNtlz
— Daily Mail Sport (@MailSport) February 20, 2026
Од Меѓународниот олимписки комитет се огласија и потврдија дека Лердам нема да сноси никакви последици и нема да биде финансиски казнета, па може да продолжи со оваа практика.
„Не сум експерт за уметничко лизгање, но разбирам дека раскопчувањето на оделото по натпревар е нормално за лизгачите, особено затоа што оделото е многу тесно. Тоа е вообичаена пракса, а не маркетиншки трик“, изјави Ана-Софи Вумар, директорка за маркетинг при Меѓународниот олимписки комитет.
Ќе потсетиме, Холанѓанката во Италија освои злато на 1.000 метри и сребро на 500 метри.
ВИДЕО | Олимписките медали веќе се распаѓаат додека официјалните лица бараат одговори
Холанѓанката Јута Лердам до злато и олимписки рекорд на 1000 метри во брзо лизгање


