Холанѓанката која освои злато и сребро во Италија по секоја трка правеше потег вреден речиси милион евра
На Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, холандската брзолизгачка Јута Лердам блесна на мразот, освојувајќи злато на 1.000 и сребро на 500 метри, потврдувајќи дека се наоѓа во врвна форма.
Препорачано
Но, покрај медалите, причина за задоволство имаше и нејзиниот личен спонзор „Најк“. Имено, олимписките правила дозволуваат истакнување исклучиво на логото на официјалниот производител на опремата, додека останатите реклами се строго ограничени.
Иако Холандската федерација соработува со „Фила“, Лердам приватно има договор со американскиот бренд. Токму затоа, под нејзиниот аеродинамичен костим се забележуваше спортски градник со логото на американската компанија. Поради тоа по секоја трка таа го откопчуваше костимот со цел да го покаже логото пред целата публика.
Со 6,2 милиони следбеници на Инстаграм, јасно е колкава маркетиншка тежина има секое нејзино појавување во јавноста. Според проценките на експерти за спортски маркетинг, Лердам од „Најк“ наводно заработува околу 850.000 евра годишно. Дополнително, секоја спонзорирана објава на социјалните мрежи може да ѝ донесе околу еден цент по следбеник, односно приближно 62.000 евра по објава во која се појавува брендот или некој друг партнер.
ВИДЕО: Освои злато и постави олимписки рекорд, а веднаш потоа го скрши медалот
Холанѓанката Јута Лердам до злато и олимписки рекорд на 1000 метри во брзо лизгање


