Нема мир во Либија: Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

epa04340967 Libyan citizens watching the damage caused by a missile that struck a building in Tripoli, Libya 04 August 2014. Rival militias have been fighting for two weeks for control of the main airport in Tripoli. At least 200 people have been killed in the violence. EPA/STR

Либија од 2011 година се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, откако од власта беше соборен и потоа и убиен  дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи.

Амин ал-Хашими, консултант за односи со јавност во Министерството за здравство, изјави дека силите на Хафтар денеска го гранатирале Триполи. Тој потврди дека во нападот загинале тројца цивили, а 19 се повредени, меѓу кои има и деца.

Ал-Хашими, исто така, истакна дека гранати паѓале на крајбрежниот пат во регионот Таџура, додавајќи дека тоа е единствениот пат што го поврзува Триполи со околните области на истокот од земјата.

Либија од 2011 година се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, откако од власта беше соборен и потоа и убиен  дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи.

Либиската Влада за национално единство, со седиште во Триполи, ја ужива поддршката од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека владата на Хафтар, чие седиште е во Тобрук, ги предводи силите поддржани од Русија, но и од Египет и Обединетите Арапски Емирати

Силите на Хафтар во четвртокот соопштија дека е прогласен прекин на огнот во текот на светиот месец Рамазан.

Ахмед Ал-Мисмари, портпарол на либиската национална армија (ЛНА), изјави дека сите воени операции во Либија биле прекинати во текот на месецот на постот, но денеска се појави вест дека е прекиното примирјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот