Неколку исклучително важни работи кои со сигурност ќе ви го подобрат животот со партнерот – Започнете да ги применувате уште денес!

profimedia

Четири од пет двојки сметаат дека социјалните мрежи се виновни за нивното разидување или раскинување, бидејќи поминуваме повеќе време со компјутерите и телефоните отколку со партнерите.

Но, да не ги обвинуваме само интернетот и брзиот начин на живот. Личните, но и заедничките навики како двојка се важни за зајакнување на врската и одржување на блискоста на двајцата партнери, сопрузи…

Усвојувањето на овие навики ќе ви помогне да развиете поголема блискост и да поминувате повеќе време со вашата сакана личност.

Гответе и јадете заедно

Готвењето заедно со партнерот носи многу поволности како учење еднаквост, поделба на обврски и стекнување вештини. На овој начин ќе ги споделите триковите за готвење, ќе научите што сакате и што не сакате и ќе се чувствувате убаво дека сте направиле нешто еден за друг.

Јадењето заедно можеби не е возможно за сите оброци во денот, но зависно од вашите обврски, потрудете се барем еден оброк да го зготвите и да го изедете заедно на маса, без други активности што ќе ви го одземаат вниманието.

profimedia

Зборувајте за убавите работи што ви се случиле во денот

Еден од чекорите за добар сон и за здрава врска е да одбегнувате ситуации што ви создаваат нервози и анксиозност. Дури и да сте немале најдобар ден, сигурно ви се случило нешто добро, позитивно или продуктивно или барем сте виделе или прочитале нешто добро и корисно.

Споделете го тоа со партнерот. Со најблиските треба да споделуваме и добро и лошо, но потрудете се да споделувате повеќе позитивни вибрации, настани и емоции со партнерот и развивајте длабока врска, со сослушување и емпатија.

Сослушувањето е одличен начин да направите некој да се чувствува подобро и сфатено.

profimedia

Масажа

Истражувањата покажале дека партнерите кои често се масираат еден со друг се позадоволни. Масажата ја зголемува блискоста и го намалува стресот. Петнаесет минути масажа, најмалку два пати неделно е сосема доволно за да се поврзете со партнерот и да се релаксирате заедно.

Бидете благодарни

Науката вели дека благодарноста не е само чин, туку емоција на ценење во форма на великодушност и добрина. Изразувањето благодарност и за најмалите работи ја засилува меѓучовечката поврзаност.

Пред да си легнете, заблагодарете се на вашиот партнер за вкусниот појадок или бидејќи завршил некоја обврска што вие не сте стигнале да ја направите. Освен со зборови, може да се заблагодарите и со дела: подгответе топла бања, омиленото јадење или некој симболичен подарок.

profimedia

Легнувајте си во исто време

Ако партнерите имаат различен ритам на спиење тоа може да предизвика одредени проблеми во комуникацијата и во блискоста. Тоа исто така може да се одрази на сексуалниот живот.

Многу е важно да ја одржувате блискоста и топлината во врската, а легнувањето и спиењето заедно се добар начин да го постигнете тоа. Исклучете ги сите гаџети (телевизор, компјутер, мобилни телефони) и легнете си заедно. Не мора веднаш да заспиете – разговарајте, гледајте се во очи, галете се, читајте, масирајте се… Оваа навика ќе ве зближи и ќе ви ја зацврсти врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот