Некој во Македонија вечерва освои 1,27 милиони евра, падна „седумка“ на лото
Ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, по онаа од 1,7 милиони евра во август 2024 година
Во вечерашното извлекување на играта на среќа „Лото 7 од 37“ на Државната лотарија, кое се емитува на Канал 5, беше извлечена главната премија, „седумката“ која на среќниот добитник му носи над 78,5 милиони денари.
Препорачано
Во евра, добивката изнесува околу 1,273 милиони и тоа е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија. Најголемата награда, од околу 1,7 милиони евра е забележана во август 2024 година – тогаш добитното ливче беше продадено во Охрид.
Добитното ливче е уплатено во Кавадарци, велат од Државната лотарија. Интересно е тоа што во добитната комбинација, највисоката бројка е 11. Еве ги бројките кои ја носат големата награда: 10, 1, 8, 4, 5, 2, 11.
Со шест погодени броеви се регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив носи по 31.707 денари.
Исплатена рекордната „седумка“ од 1,7 милиони евра, добитникот од Охрид сакал да остане анонимен
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


