Нејмар на својот последен Мундијал сака да го оствари детскиот сон

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Нејмар во интервјуто за „ДАЗН“ откри дека следниот Мундијал во 2022 година ќе биде веројатно последниот во професионалната кариера на Нејмар.

Бразилскиот играч од редовите на ПСЖ ги објасни причините поради ваквиот потег:

– Мислам дека тоа ќе биде моето последно Светско првенство. Јас го гледам тоа така затоа што не знам дали имам доволно ментална сила да се занимавам со фудбалот.

Ќе дадам сè од себе за да бидам во добра форма и да го освојам Мундијалот со својата земја, и на тој начин да го остварам мојот најголем детски сон. Се надевам дека ќе можам да го направам тоа – вели Нејмар.

Нејмар ќе има 34 години за време на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, но моментно не планира да настапи на истото.

Светските медиуми веќе шпекулираат за тоа колку е реално да ја продолжи клупската кариера по Светското првенство во Катар.

Бразилците не се и натаму официјални учесници на СП 2022, но во јужноамериканските квалификации доминираат и од девет натпревари имаат девет победи со 27 бодови, пред Аргентина на втората позиција со 19. „Кариоките“ имаат уште осум мечеви доколку не го вклучиме суспендираниот дуел со Аргентинците поради случаите со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот