Нејмар го состави идеалниот фудбалер, има карактеристики од девет играчи
Не постои совршен фудбалер, но Нејмар се обиде да создаде имагинарен фудбалер кои би бил најблиску со совршенство. Според Бразилецот, идеалниот фудбалер треба да има девет специфични карактеристики од актуелни фудбалски ѕвезди.
– Мора да ја физичка подготвеност како Кристијано Роналдо, да биде еластичен како Златан Ибрахимовиќ, да игра со глава како Серхио Рамос, да ја има брзината на Килијан Мбапе – вели Нејмар и продолжува:
– Мора да ја има левата нога на Меси, да ја има мојата десна нога, да го има позиционирањето на Роберт Левандовски, да освојува топки како Нголо Канте и да биде креативен во средината на теренот како Марко Верати.
Нејмар смета дека новата генерација на бразилски фудбалери е неверојатно талентирана и издвои три имиња кои ќе бидат идни фудбалски ѕвезди.
– Габриел Менино. Тука е и Каио Жорге од Сантос кој е неверојатно талентиран. Ми се допаѓа и Герсон од Фламенго кој мора што побрзо да се пресели во Европа.