фото: РК Вардар 1961@facebook

Неизвесна е судбината на бекот на РК Вардар 1961: Дмитро Хориха е „ни на небо ни на земја“

Откако доби македонски пасош, Украинецот направил чекори да си замине од Вардар и летово да оди во Пик Сегед. Меѓутоа, таков премин во моментов е далеку од сигурен, затоа што играчот може да остане без пасош што би му отежнало било каков трансфер. Во Вардар не сакаат да коментираат за ситуацијава, но јасно е дека има проблем, а разврската допрва следува

Ситуацијата со Дмитро Хориха, левиот бек на РК Вардар, не е ни оддалеку извесна. Според интернет гласилото „хендболбејс“, Хориха веќе договорил трансфер во Пик Сегед претстојново лето. Играчот кој доби македонски пасош за да игра за Вардар и за нашата репрезентација, наводно решил да го сврти грбот на црвено-црните и да замине во Унгарија. Ова се неофицијални информации.

Од РК Вардар засега официјално не сакаат да даваат никаков коментар за иднината на Хориха. Но, според неофицијалните информации, ситуацијата на Хориха во моментов е „ни на небо ни на земја“, односно неговиот трансфер во Пик Сегед не е сигурен.

Точно е дека кај Украинецот постои желба на лето да оди во Пик Сегед, но ништо не е извесно во моментов и можна е варијантата тој да остане во Вардар уште една сезона. Во кој правец ќе оди приказната, останува да се види.

Хориха неодамна доби македонски пасош, а украинскиот не може веќе да го користи. Меѓутоа ако оди за Пик Сегед, постои реална можност овде пасошот да му биде одземен. Хориха доби наш пасош за да игра за Вардар и за репрезентацијата, но ако одлучи да замине летово, многу веројатно би била поведена постапка за одземање на документот.

И самиот играч е свесен за комплицираноста на неговата ситуација, па ни тој во моментов не е до крај сигурен што да прави. Постои можност да остане без пасош, што ќе му искомплицира каков било иден трансфер.

Бенфика е првиот ривал на Вардар 1961 во главната фаза на Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот