Негувателка од Англија врзала бебе за вреќа и го оставило со часови, бебето починало

Британска полиција
Британска полиција. / Фото: Профимедиа

Вработена во градинка од Стокпорт, Англија, е осудена на 14 години затвор за убиство на бебе. Кејт Рафли (37) ја завиткала и ја врзала деветмесечната Женевиев Михан за вреќа со грав во градинка и ја оставила таму без да ја провери.

Бебето било врзано над еден час, а кога Рафли дошла да го провери, тоа не реагирало и било целосно модро.

На судот му било кажано дека бебето најверојатно починало од гушење предизвикано од стрес предизвикан од многу небезбедна средина за спиење, пишува Би-Би-Си.

На судот беа прикажани и шокантни снимки од надзорните камери на кои се гледа како бебето се мачи и кашла. Поротниците беа во солзи додека ја гледаа снимката од градинката. Судијата рече дека смртта апсолутно можела да се избегне.

Рафли за време на судењето тврдеше дека не е виновна и дека смртта на бебето била несреќен случај. Таа рече дека има премалку вработени во однос на бројот на деца. Но, снимката открила дека Рафли упатила грди зборови кон бебето во деновите пред смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот