Сиљановска-Давкова оддаде почит на гробот на претседателот Борис Трајковски / Фото: Фејсбук

„Неговата визија останува наша обврска“ – Сиљановска му оддаде почит на претседателот Борис Трајковски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им оддаде почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација кои загинаа во авионска несреќа во БиХ пред точно 22 години.

„Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник, лидер и добар човек, чиј живот и политика се темелеа на принципи и вредности. Беше заколнат миротворец, борец за човекови права, длабоко веруваше во македонската европска иднина и демократијата. Неговата визија останува наша обврска! Во знак на сеќавање и благодарност се поклонив пред вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје“ напиша Сиљановска на Фејсбук.

Таа додаде дека делегации им оддадоа почит и на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот