„Не умирам јас скоро“, вели Лукашенко
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска се појави во јавноста за првпат по неколку недели и ги коментираше инсинуациите што се шират на социјалните мрежи за неговата болест, велејќи дека „нема никаква намера да умре“, пренесе „Ројтерс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На сите им дадов инструкции (на денешниот состанок за развој на здравствениот систем во државата). Не дај Боже да не се прави сѐ. Вклучете се и почнете да работите. Во спротивно, нема да имам милост за никого. И ако некој мисли дека ќе умрам, не плашете се. Не плашете се. Тоа се обични дискусии со празни глави на месинџери и канали на ‘Телеграм’. Тоа беше аденовирус, ништо друго“, изјавил Лукашенко, според државната новинска агенција „Белта“.
Гласините за влошено здравје на Лукашенко се појавија откако се појави на воената парада во Москва на 9 мај, бледо и благо нестабилен.
Во денешната изјава, Лукашенко додава дека инфекцијата која ја имал „се лекува три дена“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
9мин
-
31мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


