Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Не треба факултет за возачка, доволно е само основно образование, вели Јаневска

За полагање за возачка дозвола доволно е минимално, основно образование, вели министерката за образование Весна Јаневска во однос на протестите на Ромите кои бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи биле неписмени.

Јаневска вели дека државата им обезбедува можности кои што тие треба да ги искористат.

„Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите“ рече таа.

Министерката нагласи дека се посветува сериозно внимание на образованието на Ромите со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница.

„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години, или сигурно до 25, тие преку Центарот за образование на возрасните добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некакво образование соодветно на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн.“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа истакна дека МОН ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за вклучувањето на ромските деца во училиштата, бидејќи, како што рече, се случува тие да бидат запишани, но да не доаѓаат на училише и да ја напуштаат наставата.

Стотина граѓани изминатите денови го блокираа патот Битола-Ресен на излезот од Битола, а блокади имаше и во Кочани поради незадоволство од тоа што на неколкумина од нив им биле одземени автомобилите поради тоа што немале положено возачки испит. Револтот го искажаа со палење на гуми на патот. Велат дека се дискриминирани од прописите кои налагаат кандидатите да имаат завршено основно образование за воопшто да можат да полагаат за возачка дозвола.

Граѓаните незадоволни од сообраќајните прописи и попладнево го блокираат патот Битола-Ресен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот