Граѓаните незадоволни од сообраќајните прописи и попладнево го блокираат патот Битола-Ресен
Стотина граѓани и попладнево го блокираа патот Битола-Ресен на излезот од Битола, целосно затворајќи го патот за сообраќај. Станува збор за истите луѓе кои вчера излегоа на протест и палеа гуми на патот. Тие објаснија дека се незадоволни од тоа што на неколкумина од нив им биле одземени автомобилите поради тоа што немале положено возачки испит.
Препорачано
Граѓаните велат дека се дискриминирани од прописите кои налагаат кандидатите да имаат завршено основно образование за воопшто да можат да полагаат за возачка дозвола.
„Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14.30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир“, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.
Како што посочуваат од АМСМ, сообраќајот се пренасочува низ Битола.
Протести против одземањето на автомобилите од страна на полицијата, граѓани вчера одржаа и во Кочани и во Прилеп. Премиерот Мицкоски, коментирајќи ги вчерашните собири, ги нарече „дивеења“ и повика на жесток одговор од полицијата доколку продолжат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


