„Нè тепаа, измачуваа и сексуално злоупотребуваа“, велат јужнокорејски активисти кои биле заробени од Израел на флотилата за помош на Газа
Тројца јужнокорејски активисти, кои беа уапсени за време на хуманитарната мисија за помош на Газа овој месец, денес изјавија дека биле сексуално и физички злоупотребувани од израелските војници, пренесе Кореа тајмс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јужнокорејските државјани Ким Ах-хјун и Ким Донг-хјеон, заедно со Кореецот со американско државјанство Џонатан Виктор Ли, ги опишаа своите искуства на брифингот за новинарите, неколку дена по враќањето дома по нивното ослободување минатата недела.
Тројцата Јужнокорејци кои беа измачувани се меѓу стотиците меѓународни активисти на глобалната хуманитарна флотила „Сумуд“, која минатата недела беше пресретната од израелските сили во меѓународни води.
„Мажите беа измачувани со електрошокови (тејзери), а жените беа сексуално вознемирувани и напаѓани“, изјави Ким Ах-хјун.
„Ги слушавме војниците како се потсмеваат и даваат наредби, како и патниците што беа тепани. Врескотниците траеја толку долго, беше застрашувачки“, додаде таа.
Ким рече дека еден морнар бил застрелан во бутот и оставен без медицинска помош, додека местото каде што ги чувале заробените било „полно со луѓе со скршени коски“ што не добиле никаква медицинска нега.
Ким Донг-хјеон, исто така, ги опиша условите во притворот, велејќи дека ги слушал луѓето што биле измачувани и изложени на „постојана сексуална злоупотреба“.
Тој рече дека тројцата биле тепани „безброј пати“ во траење од пет до десет минути и дека рацете постојано им крвавеле поради пластичните стеги со кои биле врзани.
Во своето сведоштво Ли рече дека многу притвореници биле принудени да гледаат како ги напаѓаат другите и дека се здобиле со сериозни повреди од шок-бомби и гумени куршуми.
Ли рече дека војниците му скршиле ребро при тепањето и измачувањето со електрошокови.
Претходно Ким Ах-хјун беше притворена од израелските сили во октомври додека се обидувала да ја пробие израелската блокада на Газа, а подоцна јужнокорејската Влада ѝ го одзела пасошот.
Таа треба да се сретне со адвокати и претставници на Министерството за надворешни работи следната недела пред да поднесе барање за нов пасош.
Ова не се први учесници на флотилата „Сумуд“ што излегоа јавно и раскажаа за своите немили случувања. Израелските сили неодамна уапсија 430 луѓе на 50 бродови во меѓународни води, за да ја запрат флотилата доброволци што се обидуваше да достави помош во Газа.
Активисти досега тврдеа дека биле изложени на тепање и измачување, а воедно имаше и луѓе што пријавија сексуални напади, вклучително и силување.
Активисти тврдат дека биле злоставувани откако Израел ги зароби од флотилата за помош на Газа
Meѓу заробените беше и италијанскиот новинар Алесандро Мантовани. Тој раскажа рече дека го тепале него, но и колегата Дарио Каротенуто. Моментот на качување на бродовите бил многу понасилен отколку во минатото, рече тој, додавајќи дека биле со лисици на рацете и со окови на глуждовите, откако биле држени во ќелија, пред да бидат пренесени на аеродромот „Бен Гурион“.
Израелците тепале и врзалe со лисици италијански новинар од флотилата за помош на Газа


