Израелците тепале и врзалe со лисици италијански новинар од флотилата за помош на Газа
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека бил тепан и врзан со лисици од израелските сили по пресретнувањето на хуманитарната глобална флотила „Сумуд“, која пловеше кон Газа, пренесува Анадолу.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Новинарот на „Фато Квотидијано“, Мантовани и претставникот на Движењето 5 ѕвезди (M5S), Дарио Каротенуто, кои се наоѓаа на флотилата, пристигнаа на аеродромот во Рим со комерцијален лет од Атина, пренесува новинската агенција АНСА.
„Ме тепаа, го тепаа и Дарио Каротенуто, а некои поминаа уште полошо од нас. Видов луѓе за кои се сомневам дека имаа скршеници на рацете и ребрата“, изјави Мантовани за „Фато Квотидијано“.
Мантовани рече дека моментот на качување на бродовите бил многу понасилен отколку во минатото и додаде дека и тој и Каротенуто биле со лисици на рацете и со окови на глуждовите откако биле држени во ќелија, пред да бидат пренесени на аеродромот „Бен Гурион“.
„Ми ги зедоа панталоните во кои ми беше паричникот и никогаш не ми ги вратија. Потоа нè тепаа; видов дека удираат и жени. Ова се случува затоа што Израел е заштитен од владите на половина Европа, вклучително и нашата“, додаде Мантовани.
Тој истакна дека израелските сили пукале двапати за време на качувањето на бродот „со некаков вид куршуми“.
Хуманитарната глобална флотила „Сумуд“ во вторникот соопшти дека сите 50 брода во нејзиниот конвој биле запленети од Израел.
87 уапсени активисти од флотилата за помош на Газа започнаа штрајк со глад во израелските затвори
Фотилата, која превезуваше 428 лица од 44 земји, тргна во четвртокот од турскиот регион Мармарис во нов обид да ја пробие нелегалната израелска блокада наметната на Појасот Газа од 2007 година.


