ВИДЕО: Не се најде решение за проблемот на пожарникарите

Фото: Слободен печат

По предупредувачкиот протест кој вчера се одржа во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда, со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа, денеска пожарникарите се сретнаа со градоначалникот Петре Шилегов. 

Сепак, на средбата не изнајдоа заедничко решение кое би довело до договор за исплата на додатокот за опасност при работа.

– Имав средба, или нешто што требаше да биде средба со пожарникарите. Им кажав дека се вршат измени во Законот за пожарникарство што треба да стапат на сила во јуни 2021 година, пред тоа не можам ништо да направам. Во меѓувреме, на секој од пожарникарите, Градот им врши исплата, по поднесените поединечни тужби. Им нудиме и медијација, за побрзо да им бидат исплатени парите, рече Шилегов.

Тој додаде дека правото на медијација не е задолжително.

– Првото на медијација, посочи тој, е индивидуално право и не е задолжително, и во таа постапка, што треба да се реши за 30 дена откак ќе биде покрената, ќе треба да се види дали ќе се договориме како Град и пожарникари за висината на средствата.

Градот, нагласи тој, не е институција што носи закони и законската група во рамки на министерствата за одбрана, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС веќе го работи законскиот текст.

Командирот за одделение во Бригадата за противпожарна заштита и член на иницијативниот одбор, Дејан Исајовски, денеска по средбата со градоначалникот нагласи дека не е постигнат договор.

– Медијацијата останува, тоа е за решавање на проблемот со тужбите, меѓутоа ние сакаме да ја регулираме платата, значи тоа да тече секој месец, за нас не се решение тужбите, тие ќе се решат со медијатори или без, рече Исајовски.

ФОТО+ВИДЕО | Шилегов се искара со пожарникарите: Ако си заминете ќе примиме нови!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот