ФОТО+ВИДЕО | Шилегов се искара со пожарникарите: Ако си заминете ќе примиме нови!

Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

Ви плаќам сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден, рече градоначалникот Шилегов, што наиде на револт на пожарникарите, кои се пожалија дека платата што ја добиваат од 19.000 денари е понижувачка за функцијата што ја работат.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со пожарникарите/ Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

На тоа, наместо одговор добија прашање од Шилегов дали би си заминале од функцијата ако добијат понуда за 40.000 денари на друго работно место.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со пожарникарите/ Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

-Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате, засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, рече Шилегов.

Снимател: Ристе Пејовски/Слободен печат

Скопските пожарникари вчера одржаа предупредувачки протест во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда, со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.

Пожарникари на град Скопје/ Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, кој говореше за проблемот на пожарникарите.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со пожарникарите/ Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

Симоновски изјави дека овој проблем не од пред година и пол туку од 2014 година, каде што со законско решение е донесено 20 отсто додаток за ризик и опасност при работа на основниот дел од плата.

ВИДЕО | Симоновски за штрајкот: Треба да изнајдеме добро решение и за пожарникарите и за градот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот