ВИДЕО | Симоновски за штрајкот: Треба да изнајдеме добро решение и за пожарникарите и за градот
Скопските пожарникари вчера одржаа предупредувачки протест во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда, со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, кој изјави дека овој проблем не од пред година и пол туку од 2014 година, каде што со законско решение е донесено 20% додаток за ризик и опасност при работа на основниот дел од плата.
-Ова се провлекува со години наназад, но сепак првите тужби покрај вештачењата излегоа ланската година. Градот Скопје ги исплаќа судските пресуди и судските одлуки кои што доаѓаат во име на вработените како надоместок и како оштетување од минаите години. Тие се исплаќаат од градот како што излегуваат од судовите- вели Симоновски.
Денеска протест нема да има, потенцираше Симоновски, бидејќи договоривме средба со градоначалникот Шилегов.
-Не можам да прејудицирам што ќе се случи од раговарот помеѓу Иницијативниот одбор и градоначалникот, но сепак мислам дека ќе се изнајде решение на кое што се работи и кое ќе биде добро и за пожарникарите и за градот, вели Симоновски.
Целиот разговор проследете го во видеото:


