Не може на јавноста да и се сервираат на тацна информации и постапки на безбедносните служби, вели Ковачевски

фото: МИА, Димитар Ковачевски, Премиер на Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски одговори дека јавноста не може да знае се’ и не може да се споделуваат јавно информации од безбедносно – разузваначки карактер,  прашан дали е запознаен со изјавата на бугарскиот министер Асен Василев дека колегите разузнавачи од Северна Македонија им дале информации дека руски свештеник врбувал македонски државјани.

-Не сум ја видел изјавата на бугарскиот министер, меѓутоа сите тие информации за кои што прашувате се дел од информации кои се на располагање на разузнавачки и безбедносни служби кои што не можат да се споделуваат на прес-конференции, рече премиерот Ковачевски прашан дали има инфомрмација кои се тие лица кои биле врбувани и дали се свештеници.

На дополнителното прашање како го толкува фактот што се уште Синодот на МПЦ-ОА не се произнел за ваквите тврдења, премиерот повтори дека  не можат сите информации да и се дадат на тацна на целата јавност.

-Јас ви кажав дека информации во однос на одлуки кои што се однесуваат на безбедноста во државата, согласно сите закони, вклучително и Законот за странци не можат да се коментираат на прес-конференции, туку тие се дел од информации и постапки кои се дел од работата на безбедносните разузнавачки и контраразузнавачки служби, рече Ковачевски на новинарско прашање.

Бугарскиот министер за финансии и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Асен Василев неодамна за бугарски медиуми изјави дека колегите од Северна Македонија им дале информации дека руски свештеник врбувал македонски државјани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот