Не ја фрлајте: Кората од портокал е природен извор на минерали и витамини

Unsplash
Unsplash

Портокалот е цитрусен плод што има вкусни, слатко-киселкасти плодови богати со витамин Ц. Најчесто ја јадете средината, а кората ја фрлате без притоа да знаете дека и таа е корисна.

Кората од портокал е ценета поради високиот процент на масти, минерали, витамини, стероли и вода. Во неа има многу железо, калиум, магнезиум, натриум, селен, фосфор, цинк, витамини А, Б1, Б2, Б5, Б6 и многу други елементи што ја прават повеќе од обичен плодов нус-производ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bentu moi-moi ? (@luz.zzzz.co)

За слатко и чај

Кората од портокал има пријатна арома, која освежува и го подобрува расположението. Пред да ја употребите за исхрана, треба да ја накиснете во вода околу 24 часа, а тоа ќе помогне да се исфрлат сите хемиски состојки што влегуваат во неа при обработка на портокалите. Како извор на микроелементи кои се добри за здрав живот, кората од портокал може да се користи на различни начини кои се лесни за подготовка, а добиените производи се вкусни за консумација.
Одлична идеја е да подготвите домашно слатко од кора од портокал, кое е многу вкусно, ароматично и пријатно. При варење слатко, тоа станува малку желирано и има фина конзистенција, а за да се направи потребни ви се портокали, вода, шеќер и лимонтуз.

Сушените кори од портокал се совршен додаток во разни чаеви. Не само што му ја подобруваат аромата, туку го прават и поздрав пијалак.


Исушените и тенко рендани корички од портокал се вкусен додаток во разни видови јадења, особено во сосови што се служат со месо. Аромата од портокал совршено се комбинира со пилешко месо.

Исто така, можете да ја искористите кората од портокал за подготовка на разни освежителни сирупи. За таа цел тенко лупената кора од портокал од вечер се става да стои во вода. Следниот ден исцедете ја и искористете ја само водата во која ќе додадете шеќер и ќе ја варите додека се растопи шеќерот и се згусне течноста како сируп. Чувајте ја во ладилник.

За чистење на домот

Кората од портокал може да се користи и за други намени, како, на пример, освежување на домот во кој живеете. Етеричните масла што ги содржи, го освежуваат воздухот и се ефикасни во борбата со непријатните мириси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simply Revitalize (@simplyrevitalize)


Исто така, може да се користи и како природен препарат за чистење. Особено е поволно за луѓе што не можат или не сакаат да користат хемиски средства за чистење на домот. Во комбинација со сол и оцет, кората од портокал е универзално средство за чистење маснотии од разни површини.

За разубавување

За здрави и сјајни нокти можете да втриете парче кора од портокал на ноктите. Мастите од кората ќе им дадат блескав и убав изглед на ноктите. Подгответе си ароматична купка од топла вода во која ќе додадете неколку парчиња кора од портокал. Таа ќе ве релаксира и смири. За убава кожа на лицето можете нежно да втриете парче кора од портокал, која ќе ги испушти своите ароматични масла и ќе ѝ даде сјај на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronica Henry (@veronicahenryauthor)


Кората помага и при лош здив, само изџвакајте мало парченце неколку минути и проблемот моментално е решен. За белеење на забите протријте кора од портокал на нив.

Докажано помага при мамурлак и имаат смирувачко дејство при главоболки, дури и мигренозни. Придобивките од кората од портокал се многукратни, така што не треба лесно да ја занемарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот