Не ги избегнувајте сандалите – Средете ги стапалата во два едноставни чекори!

Грубата кожа на стапалата освен што е естетски проблем, може да предизвика и многу болки доколку почне да пука.

Негата на стапалата е задолжителна преку целата година, а особено треба да обрнете внимание во лето, кога сакате да носите отворени сандали, апостолки или модерни влечки.

Првиот чекор во негата е нанесувањето хидратантна крема барем двапати дневно, која содржи уреа и салицилна киселина. Овие состојки помагаат во омекнување на грубата кожа, а потоа и во нејзино отстранување.

Вториот чекор е купката и триењето. Применувајте ја секој ден пред спиење. Додадете средство за омекнување на стапала во топла вода и потопете ги околу десет минути.

Потоа направете пилинг со помош на камен или турпија. По пилингот намачкајте маслена крема и откако ќе се впие поголемиот дел, облечете тенки памучни чорапи и преспијте со нив.

Оваа постапка за триење со камен и хидрирање на петите потребно е да ја применувате секој ден. Постапката не мора да трае долго, доволно е за време на дневното туширање да ги истриете стапалата со камен и добро да ги хидрирате со крема, со цел преку целото лето да имате убави, чисти и негувани стапала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот