Не е забавно без него – се враќа „Вујо мајсторе“!

twitter.com/ehf_ec

Бранко Тамше доби отказ во ППД Загреб после убедливиот пораз во Данска од Алборг во Лигата на шампионите, а како што пренесуваат хрватските медиуми, во вторник напладне на прес конференција црногорскиот стручњак Веселин Вујовиќ ќе биде промовиран како нов тренер на ППД Загреб.

Како најголем кандидат за наследник на Тамше се појави името на Вујовиќ, добро познат во нашата ракометна јавност, па „24sata.hr“ го контактираше, а популарниот Вујо ги потврди гласините.

– Да, вистина е, се враќам во Загреб, па ќе ме видите на презентацијата. Ќе бидам повторно тренер на Загреб – рече Вујовиќ.

По вторпат во својата тренерска кариера селекторот на Словенија ќе биде на клупата на ППД Загреб, претходно го водеше клубот од 2014 до 2016 година како замена за Лино Червар.

Тогаш ги освои трофеите во првенството и националниот куп, а во Лигата на шампионите стигна до осминафиналето каде што беше елиминиран од Вардар кој подоцна го освои и првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот