Јоав Лумбросо EPA/Tomasz

Не е само Граховац: Пелистер договорил и засилување од Романија

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер е на чекор до ново звучно засилување. Битолчани планираат да ја засилат позицијата среден бек со израелскиот репрезентативец Јоав Лумбросо кој сезонава настапува за Динамо Букурешт, објави романскиот „Проспорт“

Според пишувањата на романските медиуми, преговорите се во напредна фаза и договорот е блиску до реализација. Во Битола веруваат дека Лумбросо може да донесе креативност и дополнителна сигурност во организацијата на играта, особено во пресрет на предизвиците што ги носи завршницата од сезоната.

Неговото име неодамна се споменуваше и како опција за Вардар, но според актуелните информации, Пелистер е најблиску до неговиот потпис. Во досегашната кариера Израелецот има настапувано и за ТХСВ Ајзенах, Лимож Хендбол и Бенфика, а во Динамо пристигна пред две години.

Пелистер веќе најави засилувања за новата сезона, а вчера беше потврден и трансферот на хрватскиот ракометар Никола Граховац, што укажува дека клубот сериозно ја крои екипата за следните предизвици.

Слован Братислава „украде“ еден од најважните ракометари на Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот