Не е добро само за пиење: За што сè може да ви помогне кафето?

Ако досега сте го користеле кафето само за пиење, имаме добра вест за вас. Тоа е моќен борец против целулит и други недостатоци на кожата.

Еве за што сè може да го употребувате:

Против целулит

Измешајте мелено кафе со иста количина сол и додадете неколку капки маслиново или кокосово масло. Нанесувајте по туширање, кога порите на кожата се отворени, со нежни кружни движења. Почнете од колената па движете се нагоре. Повторете го овој третман најмногу двапати во неделата.

Фото: Профимедиа

Против опаѓање на косата

Ситно мелено кафе, две супени лажици, измешајте со 100 мл малку загреано маслиново масло. Нанесете ја маската по целата должина на косата, а темето измасирајте го. Завиткајте во најлонска капа и по 30 минути измијте со шампон. Направете вкупно 12 третмани, распоредете ги по еден или два во неделата. Ако имате светла коса, можни се промени во нијансата.

Против подочници

Половина кафена лажичка мелено кафе измешајте со кокосово масло и неколку капки вода. Нанесете под очите, а кога смесата ќе се исуши, измијте со топла вода.

Фото: Пиксабеј

Против суви усни

Измешајте половина лажичка талог од турско кафе со малку мед. Од добиената смеса нанесете на усните и масирајте 30 секунди. Избришете со влажен памук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот