Ндомбеле: Не ме повредија, ниту ме мотивираа зборовите на Мурињо!

twitter.com/SpursOfficial

Играчот за врска во редовите на Тотенхем, Танги Ндомбеле (23) вели дека на него не влијаеја јавно критиките од менаџерот Жозе Мурињо минатата сезона после мечот со Барнли.

– Се надевам дека следната сезона ќе биде фантастичен, бидејќи ова до сега не е доволно – рече Мурињо во март околу засилувањето за кое е платено 54 милиони фунти во јули 2019 година.

Ндомбеле сега игра многу подобро, а за „Скај спортс“ зборуваше околу таа изјава на португалскиот стратег:

– Неговите зборови не ме повредија, ниту ме мотивираа. Тоа беше нешто што го прифатив, секако не сакаш да слушаш такви зборови, но тоа е во минатата сезона, гледаме во иднината – рече Ндомбеле.

И самиот француски репрезентативец истакна дека е на прав пат и дека во наредните мечеви ќе биде уште подобар.

Му помогна и фактот што константно игра, признава дека му требаше време да се прилагоди на Премиер лигата и ги откри големите амбиции на лондонскиот клуб:

– Секогаш нашата цел е да бидеме помеѓу најдобрите четири екипи. Повеќе од тоа? Зошто да не! Но, никој не освоил титула после шест натпревари. Дури и да сме моментно првопласирани, пред нас ќе има уште 32 меча – додаде Ндомбеле.

Тотенхем сега е на петтата позиција со 11 бодови, два помалку од Евертон и Ливерпул кои го делат првото место во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот