НБС: Растот на цените на храната и енергијата учествува со 70 отсто во инфлацијата
Ноемвриската инфлација од 15,1 отсто на годишно ниво е во согласност со очекувањата на Народната банка на Србија, со констатација дека растот на цените на храната и енергијата и понатаму изнесува близу 70 отсто од инфлацијата, објави Политика рс.
Препорачано
Од НБС посочуваат дека месечната динамика на инфлацијата во ноември ја одбележа и растот на цените на преработената храна, енергијата и цените во рамки на основната инфлација, а потрошувачките цени во ноември се зголемени за 1,0 отсто на месечно ниво, што е значително побавно отколку во октомври. Кога станува збор за месечното зголемување на цените на храната во ноември од 1,2 отсто, тоа, според НБС, е утврдено со зголемувањето на цените на преработената храна од 2,4 отсто, додека цените на непреработената храна се намалени за еден отсто.
Споредено со истиот месец од претходната година, цените на храната во ноември се повисоки за 22,5 отсто, а високиот раст на цените на храната на годишно ниво во најголем дел е резултат на факторите на понудата врз кои мерките на монетарната политика имаат ограничен ефект. Станува збор пред се за високите светски цени на храната, зголемувањето на влезните трошоци во производството и транспортот на храната, како и за негативните ефекти од сушата во Србија и поголемиот дел од Европа.


