НБА тренер во стручниот штаб на репрезентацијата на Србија

твитер

Главниот тренер на Денвер, Мајк Мелоун, ќе му биде помошник на селекторот Кокошков на олимпискиот квалификациски турнир.

Кошаркарската репрезентација на Србија доби огромно засилување за олимпискиот квалификациски турнир кој ќе се одржи во Белград, првиот тренер на Денвер нагетс, Мајк Мелоун. Тој ќе му биде помошник на селекторот Игор Кокошков.

Со влегувањето на Мелоун во стручниот штаб на Србија, повеќе нема дилеми дали најдобриот кошаркар, ѕвездата на Денвер, Никол Јокиќ, ќе настапи на турнирот во Белград.

Противници на Србија на турнирот во Белград се Доминиканска Република и Нов Зеланд, додека во втората група која се игра во Белград, се наоѓаат селекциите на Италија, Порторико и Сенегал, а само победникот на турнирот ќе обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио.

Во стручниот штаб на селекцијата на Србија покрај селекторот Кокошков и Мелоун, се уште тренерите на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ и на ФМП, Владимир Јовановиќ, кои ќе ја водат репрезентацијата во квалификациските „прозорци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот