НБА тимот Јута џез продаден за 1.6 милијарди долари

twitter/Bleacher Report

Долгогодишните сопственици на „џезерите“, семејството Милер го продадоа тимот за 1.66 милијарди долари.

Тие 35 години беа сопственици на тимот од Солт Лејк Сити и за тоа време екипата беше една од најдобрите во НБА лигата. Во последните 35 години, екипата на Јута имаше дури 16 сезони во кои оствари 50 или повеќе победи во регуларниот дел од сезоната, има девет дивизиски и две конференциски титули. Од сезоната 1989/90 единствено Сан Антонио спарс има подобар скор од Јута, која вда пати играше во големото НБА финале каде подобри од ние беа кошаркарите на Чикаго булс предводени од Мајкл Џордан.
Нов сопственик на Јута џез е бизнисменот Рајан Смит кој е основач на Квалтрикс. Смит има 40 години и живее во Солт Лејк Сити, а пред две години својата софтверска компанија Квалтрикс ја продаде за осум милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот