НБА: Нема одење во Орландо без три негативни теста на коронавирус

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

НБА лигата одлучи да не им биде дозволено на играчите да допатуваат во Орландо во карантин каде ќе се доигра сезоната доколку не го поминат тестирањата од 7. до 9. јули.

Според познатиот новинар Шемс Чаранија, сите НБА играчи кои ќе играат во завршницата од НБА лигата, во тој период ќе мора да имаат три негативни тестови, а ќе бидат тестирани еднаш дневно.
Освен тоа, познатиот новинар пренесе дека играчот на ЛА Клиперс, Лендри Шемет е позитивен на ковид-19.


НБА лигата започна со тестирање на 23. јуни, а бекот на ЛА Клиперс е 26. кошаркар досега кај кого е потврдено присуство на коронавирусот.
Според планот на лигата, сезоната ќе продолжи на 31. јули во Орландо каде ќе играат само 22 екипи и тоа тимовите кои имаат шанси да обезбедат пласман во плејофот. Сезоната треба да заврши во октомври, а стартот на новата е закаќан кон крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот