„НБА меч“ во Битола, Пелистер во финишот го урна скопскиот ТФТ

Пелистер и ТФТ ќе ја претставуваат Македонија во АБА 2 лигата/фото: kfsm.mk

Лидерот на табелата во најдобрата македонска кошаркарска лига Пелистер налета на доста мотивираниот состав на ТФТ од Скопје, но со пресврт во второто полувреме победи со 110:106 на паркетот во Битола.

Одлично прво полувреме, особено втора четвртина одиграа гостите од Скопје. Откако во првите 10 минути имаа минимална предност (25:23), кошаркарите на ТФТ одигра уште подобро во оние офанзивни сегменти. Посебно прецизен од зад линијата од 6.75 метри беше Бишоп. Американскиот шутер погоди четири тројки од пет обиди.

Доволно за „црно-белите“ отворат серија со која стигнаа до убедливо водство од 54:40 во 17 минута од овој последен меч од регуларниот дел во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. ТФТ шутираше со високи 60% позицијата за три поени, нешто послаб беше процентот на Пелистер, половични 50% (5/10).

На спротивната страна кај домаќините парираше Малешевиќ, по чија игра „два плус еден“ битолчани се доближи на 52:60. Но крајно ефикасното прво полувреме гостинската екипа го затвори со две слободни фрлања на Набузор и положување на Смит за високи 64:52.

Фото: kfsm.mk

Но, и тоа се покажа како недоволно да се биде подобар од најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната. Долго време битолчани се обидуваа да ја стигнат таа висока негатива, тоа им појде од рака во последната, решавачка четвртина. А во таа „зелено-белите“ стигнаа до посакуваниот пресврт и триумф против силно мотивираниот противник. Одиграа како што тоа од нив го посакуваше тренерот Марјан Илиевски. И во веројатно најефикасниот натпревар во овој втор дел од првата фаза на шампионатот, стигнаа до посакуваната победа.

Кај домаќините најрасположен беше Малешевиќ со 38 поени (осум скокови), следен од Кесар со 19 поени (шест скокови). На спротивната страна Бишоп се истакна со 21 поен, а по 15 имаа Николов и Смит (10 скокови). Се одигра уште еден меч, Феникс 2010 со резултат 100:92 беше подобар од екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Поразот за ТФТ значи и губење на позицијата број „5“ на која сега се кошаркарите на Гостивар. Што значи дека во првото коло од Суперлигата следува „реприза“ на овој натпревар.

Табела:

1. Пелистер 42 бодови
2. МЗТ Скопје Аеродром 41
3. Еуро Никел 36
4. ФМП Академија 36
5. Гостивар 35
6. ТФТ Скопје 35

7. Феникс 2010 34
8. Работнички 31
9. Кожув 30
10.Куманово 28
11.МЗТ Скопје Уни Банка 24
12.КК Ангели 24

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот