НБА и ВНБА се надеваат на брзо ослободување на Грајнер

Бритни Грајнер
Бритни Грајнер / Фото: EPA-EFE/EVGENIA NOVOZHENINA

Комесарите на НБА и на ВНБА лигите, Адам Силбер и Кети Енгелбет со заедничко соопштение се огласија во јавноста откако денеска рускиот суд ја осуди Бритни Грајнер на девет години затвор поради поседување наркотици.

Грајнер беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром „Шереметјево“, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од канабис кое кошаркарката го користела за лекување, но тоа е забрането во Русија.

– Денешната пресуда е неправедна и несреќна, но не и неочекувана, бидејќи Бритни Грајнер беше погрешно осудена. Посветеноста на ВНБА и НБА за нејзиното безбедно враќање не е намалена и се надеваме дека процесот на нејзиното евентуално враќање во САД е при крај – стои во соопштението на комесарите на НБА и на ВНБА лигите.

 


Недолго по изрекувањето на пресудата, американскиот претседател Џозеф Бајден се огласи и побара од властите во Москва веднаш да ја ослободат Грајнер, додека власите на САД и на Русија веќе водат преговори за размена на затвореници и меѓу нив е и кошаркарката која со својата репрезентација два пати го освои златниот медал на Олимписките игри.

Рускиот суд ја осуди американската кошаркарка Грајнер на девет години затвор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот